Фудбал
Реал Мадрид оди на Стемфорд Бриџ со два гола предност
Фудбалерите на Реал Мадрид стекнаа два гола предност против Челзи пред реваншот во Лондон во четврт-финалето на Лигата на шампионите.
Натпреварот на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ заврши со резултат 2:0.
Головите ги постигнаа Карим Бензема во 21. минута и Марко Асенсио во 74. минута.
На Бензема не му беше тешко да ја затресе мрежата на Челзи во 21. минута, откако голманот на гостите Кеп претходно го одбрани удар на Винисиус Жуниор и му ја одврати топката на францускиот ас, но интересно е што тоа беше 11. последователен гол за Бенземи во Лигата на шампионите што го постигна против англиските тимови . Неверојатно достигнување.
Во вториот дел гостите од Лондон останаа со играч помалку, бидејќи левиот бек Бен Чилвел доби директен црвен картон во 59. минута . Како последен одбранбен играч со прекршок го запре Родриго .
Избраниците на Анчелоти ја искористија бројчаната предност во 74. минута кога Марко Асенсио го матираше голманот на Челзи само три минути откако влезе во игра наместо Родриго .
Во вториот натпревар од вечерта, фудбалерите на Милан го совладаа тимот на Наполи со 1:0 како домаќини на Сан Сиро .
Реваншите се закажани за вторник, 18 април.
Во вторникот се одиграа првите два натпревари од четвртфиналето, Манчестер Сити како домаќин беше убедлив против Баерн ( 3:0 ), додека Интер славеше како гостин против Бенфика од Лисабон ( 2:0 ).