Connect with us

Фудбал

Реал Мадрид се огласи со официјално соопштение во врска со Нејмар

Бразилската ѕвезда веќе со месеци се поврзува со можен трансфер во Реал Мадрид и тоа е трансфер кој (не)оправдано го чекаме веќе подолго време.

Досега многу медиуми објавија секакви шпекулации во врска со овој трансфер, но најдалеку отиде шпанската национална телевизија „TVE“ која пласирала веста дека Реал Мадрид испрати официјална понуда до ПСЖ за Бразилецот во вредност од 310 милиони евра.

Изреволтирани од лажните вести, од Реал Мадрид одлучија да издадат официјално соопштение до јавноста во кое ја демантираат „TVE“, изненаден што национална телевизија со таква углед самата си дозволува да пласира лажни вести како ексклузивни.

„Со оглед на информацијата која „TVE“ вечерва ја објави за наводната понуда од Реал Мадрид до ПСЖ за Нејмар, нашиот клуб јавно се оградува и тврди дека ова е лага. Реал Мадрид не испрати никаква понуда ниту до ПСЖ, ниту до фудбалерот“, се наведува на официјалната веб страна на Реал Мадрид.

„Навистина сме изненадени и се прашуваме дали е можно национална шпанска телевизија да објави ваква невистина и тоа без да контактира било кого од Реал Мадрид“.