Connect with us

Фудбал

Реал одбил две понуди од 150 милиони евра за Асенсио

Младата ѕвезда на Реал Мадрид, Марко Асенсио и натаму е желба на гигантите од Англија, но по се изгледа дека неговата иднина е поврзана со „Сантијаго Бернабеу“. 

Неговиот агент Хорацио Гихиоли потврди дека европскиот шампион добил две исклучително атрактивни понуди за шпанскиот репрезентативец.

„Два тима од Англија доставијан понуди за Марко, што Реал ги одби. Тие беа за околу 150 милиони евра“, рече Гихиоли.

Во договорот на 22-годишниот Асенсио со Реал има клаузула за откуп од 700 милиони евра, а неговиот агент потсети дека и Барселона своевремено имала шанса да го добие.

„Пред Асенсо претстои неверојатна иднина. Точно е дека Барселона можеше да го има и Пеп Бартомеу (шефот на Барселона) знае дека згрешил. Има такви работи во животот. Тогаш Флорентино Перез едноставно одговори побрзо“, објасни агентот на играчот од средниот ред.