Connect with us

Фудбал

Реал сака да се ослободи од Родригес

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес ја поставис цената од 50 милиони евра за Хамес Родригес, наведувајќи дека не е важно името на клубот што ќе достави понуда.

После ова станува речиси сигурно дека Хамес ќе го напушти Реал до крајот на преодниот рок, бидејќи „кралевите“ сакаат да се ослободат од него.

Во шпанските медиуми долго време се пишува за неговото заминување за Наполи, но по се изгледа Родригес го избрал Атлетико за клуб во кој ќе ја продолжи кариерата.

Се разбира, од управата на Реал се спротивставија на таквиот трансфер, но бидејќи Хамес не сака да оди во некој друг клуб, ќе мора да му дозволат да оди кај градските ривали.