Connect with us

Фудбал

Репрезентацијата на Хрватска го менува грбот

Хрватскиот фудбалски сојуз ја изненади јавноста со одлуката да го менува грбот кој се наоѓа на дресовите на оваа репрезентација.

Ватрените ова лето беа вистинска сензација на Светското првенство во Русија, но очигледно дека фудбалскиот сојуз сака да биде во чекор со трендовите. Имено хрватскиот фудбалски сојуз на својата веб страница објави дека сака да го промени својот препознатлив грб, а тоа не му се допадна на јавноста во оваа земја.

Хрватскиот фудбалски сојуз за промената на грбот им даде можност на сите да смислат нов грб за фудбалската репрезентација. Конкурсот е отворне од 5. октомври и појаснаа кои услови мора да се исполнат за евентуалниот нов грб да влезе во конкуренција.

За ова постои и награден фонд од 60.000 куни. Првата награда носи 35.000, втората 15. 000, а третата 10.000 куни. Конкурсот ќе биде отворен еден месец, а новиот грб треба да биде избран на 19. ноември во 12 часот. Потврда за користење и замена треба да добиат од Собранието кое се одржува во декември.