Connect with us

Фудбал

Роналдо беше тешко да се запре, но „најсилната одбрана досега“ едноставно го уништи

Кристијано Роналдо играше против врвни дефанзивци во текот на неговата славна и голема кариера и секако уживаше, но не секогаш беше толку супериорен.

Дефанзивците најмногу се мачеа кога се обидуваа да го сопрат еден од најдобрите играчи во светот. Португалецот во дресот на Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид и Јувентус ги стави на тест сите оние со кои излезе очи во очи на зелениот терен. Згора на тоа, дефанзивците како Пујол, Пике, Тиаго Силва или Немања Видиќ имаа големи проблеми со Португалецот.

Но, некои го „полудеа“ Роналдо, особено додека тој се уште ја градеше кариерата. Како играч на Манчестер Јунајтед, на 20 години дојде до најголемото искушение кога е фудбалот во прашање. Станува збор за дуели со Милан во сезоната 2004/05, тим кој се уште важи за еден од најдобрите и најсилните на сите времиња.

„Црвените ѓаволи“ беа исфрлени во осминафиналето од Росонерите бидејќи загубија со 1-0 и на Сан Сиро и на „Олд Трафорд“, а Милан подоцна загуби од Ливерпул во тоа познато финале.

А реваншот во северна Италија беше значаен за младиот Роналдо бидејќи се спротивстави на легендарните дефанзивци како Кафу, Малдини, Неста и Стам. Таа одбрана беше едноставно непробојна за сите, дури и за тогаш младиот Роналдо, кој мора да се признае дека имаше страшна помош во нападот во вид на Руд ван Нистелрој и Вејн Руни.

Сепак, Роналдо беше целосно немоќен во своите пробиви, Кафу и Малдини го „изедоа“ на теренот.

Роналдо сепак успеа да лансира неколку прекини во шеснаесетникот на Милан, но речиси сите беа пречекани од Стам и Неста, па славната четворка од бековската линија на Милан ќе остане запаметена како единствената која буквално го направи Роналдо невидлив на два меча.

Роналдо тогаш беше многу фрустриран и тоа го покажа на теренот со еден жесток судир со Кафу. Интересно, подоцна во едно интервју на прашањето кој е најдобриот дефанзивец против кој играл, Роналдо одговори дека тоа е Ешли Кол, но не сме сигурни дека бил искрен.

Реклама

Facebook