Connect with us

Фудбал

Роналдо доби часовник од бело злато, скапоцени камења и кожа од алигатор

Кристијано Роналдо не успеа да ја продолжи кариерата во Европа и неодамна се пресели во Саудиска Арабија каде потпиша договор со Ал Наср. На неговата сметка годинава ќе пристигнат околу 200 милиони евра кога на платата ќе му се додадат сумите што ќе ги добива од маркетиншки права.

Покрај договорот кој ќе го зголеми неговото огромно богатство, португалската ѕвезда доби и посебен подарок за потпишувањето на договорот со клубот. Производителот на луксузни часовници Jacob & Co. му направил рачен часовник кој е тесно поврзан со неговиот трансфер во Ал Наср. Тој се нарекува Caviar Flying Tourbillon Tsavorite.

Направен специјално за Роналдо од бело злато, серија скапоцени и полускапоцени камења и нараквица од кожа од алигатор, часовникот не е достапен за слободна продажба, но се проценува дека би достигнал цена од околу 800.000 евра на пазар. Зелената боја оддава почит на бојата која доминира на знамето на Саудиска Арабија.