Connect with us

Фудбал

Роналдо направи бум на акциите на Јувентус

Вистински ‘бум’ на акциите на Јувентус во изминатите три дена по веста за трансферот на Кристиано Роналдо.

Како резултат на најавата за трансфер на најдобриот светски фудбалер вредноста на клубот се зголеми за 160 милиони евра, односно забележан е пораст на акциите за 22%. Моменталната вредност на клубот изнесува 825 милиони евра, а истата пред само три дена беше 665 милиони (Calcio e Finanza).