Connect with us

Тајмаут

Роналдо се враќа во фудбал, купува клуб за 30 милиони евра

Некогашниот најдобри фудбалер во светот, Роналдо има големи планови кога станува збор за иднината.

Бразилецот претходно изјави дека би сакал да го купи клуб од шпанска или англиска лига и да направи нешто иновативно, а сега, како што пренесуваат бразилските медиуми, направил конкретен потег.

Странските медиуми пренесуваат дека Роналдо понудил 30 милиони евра за купување на шпанскиот прволигаш Реал Сосиедад, а неговата понуда се разгледува.

“Сакам да направам нешто ново. Верувам дека сум подготвен за овој предизвик”, рече Роналдо.

На тој начин Роналдо одлучи да остане во фудбал по богатата фудбалска кариера која ја имаше. Во неговата кариера, 43-годишниот Бразилец, играше во Крузеиро, Реал, Барселона, ПСВ, Интер, Коринтијанс и Милан.