Connect with us

Фудбал

Роналдо секогаш носи парче хартија во џебот, кога ќе го налутат тој им покажува што пишува на него

За Десет дена излегува книгата Меси vs. Роналдо: Едно ривалство, два G.O.A.T, а The Sun објави приказна за парче хартија што Кристијано Роналдо го носи во џебот.

Португалскиот напаѓач, еден од најдобрите играчи на сите времиња, толку многу сака да се фали со своите достигнувања што со себе носи парче хартија на кое пишува се што направил во кариерата. Ова го откри Карлос Бруно, кондициониот тренер на Спортинг Лисабон.

Бруно објасни дека еднаш бил во таборот на Реал среде расправија дали Роналдо или Меси се подобри. Тогаш Роналдо, кој тогаш играше за Реал, реши на публиката да и покаже што пишува на хартијата.

„Тој извади парче хартија од џебот на кое беа испишани сите негови достигнувања во кариерата. Сите работи што ги освои со клубовите, но и на индивидуално ниво она што го постигна. Ја извади хартијата и само накратко рече: „Не е лошо, нели?!“ Ништо ново за него, тоа е само дополнителна мотивација за него и затоа направи толку големи работи во кариерата“, откри Бруно.

Роналдо во кариерата освои пет Златни топки, наградата за најдобар светски фудбалер, а повеќе од него има само Меси, кој освои седум.