Connect with us

Фудбал

Розенборг – Вардар – ова се официјалните состави

Екипата на Вардар вечерва со почеток од 19 часот ќе проба да им се спротистави на играчите од Розенборг.

Објавени се и официјалните состави за вечерашниот натпревар, според имињата на играчите од Розенборг кои ќе се борат против Вардар, Вардар го оечкува вистински пекол.

На голот на „црвено-црните“ ќе биде Филип Гачевски. Пред него во одбраната Хофханес Хамбарџумјан и Бесир Демири на бековските позиции, потоа Бобан Грнчаров и Висар Муслиу како стопери. Во дефанзивниот дел од средниот ред Никола Глигоров и Бобан Николов, во офанзивниот дел Фелипе. На крилните позиции ќе стартуваат Џамбул Џигаури и Дејан Блажевски, како поддршка за најофанзивниот Тигран Барсегјан.