Connect with us

Фудбал

Рускиот капитен: Јас сум за Путин. Историјата ќе суди кој е во право, а кој не

Рускиот капитен Артем Џуба (34) јавно му изрази поддршка на рускиот претседател Владимир Путин. Фудбалерот на Локомотив Москва за руските медиуми изјави:

„Отсекогаш сум чувствувал дека Русија е мојата земја. Долго размислував дали ќе одам да играм во странство, а имаше моменти кога сакав да одам во најдобрите пет лиги. Дури и да ми се јават, а нема, нема да заминам“.

„Зошто да не одам? Поради целата ситуација, поради радикалниот однос кон нас. Мислам дека не е убаво. Ги симнаа сите маски и го покажаа тој став. Ако се однесувате со нас така, тогаш не ни требате. Всушност, не можам да ги поднесам. Верувам во мојата земја, јас сум патриот и ја сакам“.

„Историјата ќе суди за се. Сега сум целосно за претседателот Путин, не го кријам тоа и зборувам директно. Јас сум за мојата земја. Таков сум и ќе бидам со мојата земја до крајот на мојот живот. Историја ќе процени кој е во право, а кој не, и до крај ќе верувам дека сме за праведна кауза“.

Џуба во текот на својата кариера настапуваше за Спартак Москва, Том Томск, Ростов, Зенит, Арсенал од Тула и Адана Демирспор. Од 2011 година за руската репрезентација одигра 55 натпревари и постигна 30 голови.