Connect with us

Фудбал

Салах еуфорично го прослави голот за 2:1, а потоа виде што му покажува навивачот од трибините (ФОТО)

Фудбалерите на Ливерпул вчера не успеаја да ја освојат титулата во Англија.

Во последното коло од Премиер лигата гледавме вистински спектакл бидејќи до последните минути не се знаеше кој ќе биде шампион.

Во најдобра ситуација пред ова коло беше Манчестер Сити, кому му беше потребна победа против Астон Вила за повторно да биде шампион. Но, работите не одеа добро кај „граѓаните“ бидејќи губеа дома од Вила со 2:0.

Ливерпул, пак, во тој случај ја освои титулата, но се мачеше и со Вулверхемптон. „Црвените“ успеаја да стигнат до 2:1 дури во 84. минута кога погоди Мохамед Салах, но попусто.

Неколку минути пред тоа Сити направи спектакуларен пресврт и дојде до 3-2 против Астон Вила што Салах очигледно не знаеше кога го постигна голот.

Египќанецот еуфорично го прослави голот за 2:1 и истрча кон навивачите, а потоа виде дека еден од нив му покажал дека Сити води со 3:2, по што изразот на лицето на Салах веднаш се променил и се видело колку е разочаран.

Сити на крајот успеа да победи со 3-2 и да ја одбрани титулата во Англија, додека Ливерпул славеше со 3-1, но на крајот заврши со бод помалку од клубот од „Етихад“.

Реклама

Facebook