Connect with us

Фудбал

Само еден играч беше најдобар стрелец на Европско и Светско првенство: Хари Кејн може да го стигне утре

Капитенот на англиската репрезентација и нејзиниот најдобар стрелец во историјата, Хари Кејн утре има можност да го освои првиот трофеј во кариерата, но и да се закити со признание кое е толку ретко во светот на фудбалот.

Кејн зад себе има уште една спектакуларна индивидуална сезона. Најдобар стрелец во Европа, најдобар стрелец во Лигата на шампионите и најдобар стрелец во Бундеслигата. Сепак, се уште нема трофеј. Англискиот капитен утре повторно ќе биде на „чекор“ од освојување на трофејот бидејќи ќе ја предводи селекцијата во финалето на ЕП против Шпанија. Но, покрај тоа што може да го освои првиот трофеј во кариерата, Хари Кејн може да постигне и импресивен подвиг кој е виден само еднаш во историјата на фудбалот.

Имено, Кејн може да стане само вториот играч кој ја освоил Златната копачка и на Европско и на Светско првенство. Досега овој подвиг го постигна само легендарниот германски напаѓач Герд Милер. На ова Европско првенство Кејн и покрај повредата на грбот со која игра и која го принуди да зема инјекции за време на турнирот, постигна три гола и е изедначен на првото место со Дани Олмо, Коди Гакпо, Џамал ​​Мусијал, Жорж Микаутадзе и Иван Шранц. .

Сепак, доколку постигне гол, ќе се издвои од сите фудбалери кои беа елиминирани од турнирот, а во тој случај единствена закана за него би бил Дани Олмо, кој утре ќе биде на спротивната страна од теренот.

За потсетување, Хари Кејн беше најдобар стрелец на Светското првенство во 2018-та година кога постигна 6 голови.