Connect with us

Фудбал

Сампаоли објасни зошто не го повика Икарди на Мундијалот

Хорхе Сампаоли го објави последниот аргентински список за Мундијалот, а според очекувањата, напаѓачот на Интер, Мауро Икарди, не беше пронајден на листата.

Сампаоли неодамна ја објави проширената листата на играчи на која беше и Икарди, но многу од нив биле сигурни дека напаѓачот на Интер нема да игра во Русија. Денес оваа шпекулација беше потврдена кога селекторот ја објави конечната листа.

Икарди оваа сезона повторно беше најдобар во тимот на Интер, а заедно со Чиро Имобиле, ја делеа наградата за најдобар стрелец во Серија А. Сепак, тоа не беше доволно за Сампаоли да го повика на СП во Русија.

“До конечната листа дојдовме по долга и сериозна анализа. На листата се најдоа играчи кои мислам дека  го играат нашиот стил најдобро што може. Еве, на пример, го одбрав Ансалди поради тоа што може да игра на двете бековски позиции. Икарди, Пероти, Папу Гомес и ЛаутароМартинез не идат Русија со нас, но знаеме дека се добри играчи “, рече Сампаоли .