Connect with us

Фудбал

Сампаоли: Не е точно дека Меси ја избира тактиката и играчите

Селекторот на Аргентина, Хорхе Сампаоли, пред денешниот натпревар против Франција посочи дека Лионел Меси не го прави тимот.

Медиумите го обвинија Сампаоли за недостаток на контрола во соблекувалната и дека Меси одлучи сè – тактика, играчи, па дури и промените во текот на натпреварот.

Во решавачкиот натпревар против Нигерија, Сампаоли, по разговорот со Меси го внесе во игра Серхио Агуеро, а аргентинскиот селектор рече дека тоа е најнормална појава.

“Медиумите конструира приказна дека Меси ги избира играчите и ги прави тактиките, а тоа не е точно. Исто така не е точно дека барав од Меси да ми каже кого да внесам. Причината е едноставна. Разговарав со Меси, бидејќи имаме добро уиграна стратегија и како капитен му пренесов она што треба да направиме, односно промена на планот во играта. Не гледам што е толку спектакуларно, но медиумите од тоа направија сензација “, рече Сампаоли.