Connect with us

Фудбал

Самуел Ето се враќа во Италија

Искусениот камерунски напаѓач Самуел Ето е на прагот да се врати во Италија.

Според „Corriere dello Sport“, 37-годишен фудбалер одржа преговори со лидерите на Лацио и постои голема можност Камерунецот следната сезона да го носи дресот на Лацио.

Ето е без клуб од јануари кога го напуштил Коњаспорт од Турција. Тренирал самостојно со приватен тренер и наводно бил во добра форма.

Сепак, прашањето е колку ќе може да издржи во една од најголемите лиги во светот, бидејќи има 37. години, но изгледа Лацио нема ништо против да го доведе како резерва за Имобиле.

Ето има два пати играше во Серија А. Од 2009 до 2012 година тој го носеше дресот на Интер, а во сезоната 2014/2015 играше за Сампдорија.

Во текот на неговата кариера, играше за: Реал Мадрид, Мајорка, Барселона, Челзи, Евертон …

Последните три сезони ги одигра во Турција за Анталијаспорт и Коњаспорт.