Connect with us

Фудбал

Сари: Тери е добредојден во Челзи

Легендарниот англиски стопер Џон Тери, се уште нема одлучено дали ќе ја заврши својата кариера.

Тери кон крајот на годината ќе наполни 38 години, но без оглед на тоа, интересот за него не недостасува, а како наредна станица претходните недели се спомнуваше рускиот шампион Спартак Москва.

Со овој тим Тери договори се, ги помина лекарските прегледи, но во последен час, во консултација со семејството, го погази зборот кој го дал. На тој начин започнаа шпекулациите за прекин на кариерата и можна тренерска улога кој би требало да ја добие во клубот во кој оставил најголем траг, Челзи.

„Челзи е домот на Тери, добредојден е, се е до него. Ако сака да игра, тоа е негово право, Ако сака да ни помогне, јас ќе бидам подготвен. Повторувам, се е до него“, кажа тренерот на Челзи Маурицио Сари за британските медиуми.

За потсетување, Тери во Челзи помина 19 сезони.