Connect with us

Фудбал

Саудијците сакаат еден од најдобрите судии во светот, му нудат огромни пари

Еден од најдобрите италијански фудбалски судии, Даниеле Орсато (48) доби профитабилна понуда да ја продолжи својата судиска кариера во Саудиска Арабија. Откако во саудиските клубови се преселија бројни фудбалски ѕвезди, меѓу кои Кристијано Роналдо, Нејмар, Карим Бензема, Садио Мане, Марсело Брозовиќ, сега цел на Саудијците е угледниот италијански судија Орсато.

Според италијанскиот печат, Орсато добил богата понуда од Саудиска Арабија, која би му ја удвоила платата доколку се согласи да суди во саудиската про лига. Оваа вест предизвика загриженост во италијанскиот фудбал, бидејќи Орсато е високо ценет и се смета за најдобар кандидат за нов прв човек на судиската организација.

Орсато е роден во Виченца, судија на ФИФА од 2010 година, а Катар му беше прво Светско првенство каде што беше главен судија. Тој беше ВАР судија во Русија во 2018 година. Пред три години го судеше финалето на Лигата на шампионите меѓу Баерн и ПСЖ.