Connect with us

Фудбал

Саутгејт ќе пушти двајца репрезентативци дома за време на Светското првенство

Англискиот селектор Герет Саутгејт е подготвен да ослободи двајца репрезентативци за време на Светското првенство и да се вратат дома.

Причината за ослободување е породувањто на нивните соприги, а тие се фудбалерите на Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед а тоа се Фабијан Делф и Фил Џонс.

Сопругата на дефанзивецот на Манчестер Сити, Фабијан Делф, Натали, треба да се породи на крајот од јуни во средината на Светското првенство, и ова ќе биде трето дете за овој пар. Од друга страна, сопругата на Џонс треба да се породи пред почетокот на шампионатот, па затоа Џонс веројатно треба да биде со тимот за време на целиот турнир, но ќе ги пропушти последните подготовки.

“Гарет е фантастичен. “Не сум само јас во прашање, тука е и Џонс. Семејството секогаш оди на прво место.  Ако веќе имам шанса да се вратам, ќе се вратам “, рече Делф