Тајмаут
Се е лага-Се огласи поранешниот фудбалер за нападот врз Бјелица откако беше приведен од полицијата на информативен разговор!
Поранешниот играч на Црвена звезда и Војводина, Никола Петковиќ се огласи по нападот врз Немања Бјелица во игротека во Белград.
–Се е лага“, кратко изјави за „Спортал“ и најави дека наскоро ќе излезе со соопштение.
Тој во понеделникот беше сослушан во Првото основно јавно обвинителство и негираше дека му се заканувал на кошаркарот Немања Бјелица. Снимките од детската игротека во трговскиот центар Галерија ќе бидат предмет на истрага пред суд и полиција. Во понеделник наутро се појави видео од нападот на Бјелица.