Други спортови
Се вееше македонското знаме среде Атина, Илиоски освои златен медал!
Со златен медал и одбрана на европската титула од пред две години, македонскиот кикбоксер Бобан Илиоски го заврши Европското сениорско првенство во Атина, откако во финалето беше подобар од Ерик Ниевегловски од Полска, јави дописничката на МИА од Атина.
Во финалето во категоријата лоу кик до 86 килограми, Илиоски со 2-1 го совлада противникот.
Македонскиот кикбоксер се пласираше во финалето откако вчера со нокаут пред крајот на првата рунда беше убедливо подобар од грчкиот репрезентативец Христос Филис.
Нашата земја од Европското кикбокс првенство во Атина се враќа со два медали, со златниот на Илиоски и со бронзениот на Стефан Михајловски во категоријата кик лајт над 94 килограми.