Connect with us

Фудбал

Се враќа Мануел Нојер!

Голманот Мануел Нојер се врати на тренинзите на Баерн Минхен откако закрепна од проблемите со тетивата, соопшти баварскиот клуб.
Ноер изминатите денови тренираше индивидуално, а според најавите во германскиот печат, тој ќе биде подготвен да застане на голот на Баерн на саботниот натпревар од Бундеслигата против шампионот Баер Леверкузен.
Ветеранот ја заработи повредата за време на победата на „црвените“ од 9-2 во Лигата на шампионите против Динамо Загреб минатата недела и го пропушти бундеслигашкиот дуел против Вердер (5-0) на крајот од минатата недела.