Фудбал
Седлоски денеска ќе го одработи првиот тренинг со Широки Брег
Гоце Седлоски денеска ќе го одработи првиот тренинг со играчите на Широки Брег.
Некогашниот македонски фудбалер за нот тренер на Широки Брег беше именуван пред неколку дена, меѓутоа должноста официјално ја презема денеска, со тоа што ќе го одработи првиот тренинг со екипата.
Со тоа тимот на Седлоски ќе ги започне и припремите за големото „Херцеговачко“ дерби против Зрински, кој ќе се одигра по репрезентативната пауза, поточно на 5. септември.
Седлоски имаше шанса да го гледа својот нов тим минатиот викенд, кога Широки Брег го победи Желеѕничар со 3:0, а со тоа ги виде и сите слабости и предности на неговата екипа.
Седлоски со Широки Брег потпиша две годишен договор.