Connect with us

Други спортови

Сензација во Мелбурн: Елиминиран петиот носител на Австралија опен (Видео)

Големо изненадување се случи во второто коло од грен слем турнирот Австралија опен, откако младиот 19 – годишен тернисер, Френсис Тијафо, го елиминираше петиот носител Кевин Андерсон.

Тијафо фаворизираниот тенисер од Јужна Африка го победи со 4:6, 6:4, 6:4, 7:5 по три часа игра и обезбеди пласман во третото коло, во кое ќе ги одмери силите против Андреас Сепи. Италијанецот пласман во оваа фаза обезбеди преку Дордан Томпсон од Австралија (6:3, 6:4, 6:4).