Connect with us

Кошарка

Шампионот Голден Стејт му нуди нов побогат договор на тренерот Кер

Тренерот на Голден Стејт, Стив Кер ги прифатил условите за нов договор со актуелниот НБА шампион, објави „ЕСПН“.

Според изворот, Кер ќе стане еден од најплатените тренери во историјата на најсилната светска кошаркарска лига.

Со него како предводник, Голден Стејт стигна до три шампионски титули (2015, 2017 и 2018 година), а загуби во финалето пред две години.

Актуелниот тренер на „Вориорс“ во клубот дојде во 2014 година и потпиша петгодишен договор.

Со резултатите кои ги постигна нашироко си ги отвори вратите за продолжување на соработката која е во најава.

Конкретни бројки не се соопштени, но се очекува наскоро да се објават и детали.