Connect with us

Фудбал

Шмајхел: Тешко е да се најдат вистинските зборови за ова

Репрезентацијата на Данска не успеа да се избори за пласман во четврт финалето од Светското првенство бидејќи вчера беа поразени од Хрватска во осмина финалето по изведувањето на пеналите.

Данците го одиграа веројатно најдобриот натпревар на Мундијалот, но немаа среќа во пенал серијата. Одличен на голот на Данска беше Каспер Шмајхел кој во второто продолжение го одбрани пеналот на Лука Мудриќ.

Во пенал серијата Шмајхел повторно беше на висина на задачата откако одбрани два пенали, но едноставно не можеше да му парира на својот колега од спротивната страна Даниел Субашиќ кој одбрани три пенали на Данците. По натпреварот Шмајхел не можеше да ја сокрие неговата тага.

„Не е удобно после ваков натпревар. Тешко е да се најдат вистинските зборови за ова. Бевме подобри и требаше да победиме во регуларниот дел од натпреварот. Ова беше нашиот најдобар натпревар на СП, бевме подобри, го контролиравме натпреварот, но ете. Пеналите секогаш се лотарија и тоа е тоа“, рече Шмајхел по натпреварот.