Connect with us

Фудбал

Шок и неверување на тренингот на Јувентус

Пол Погба летово се врати во Јувентус.

По шест години минати во Манчестер Јунајтед каде поради повредите и лошиот квалитет на тимот не можеше да покаже се што знае, Погба се врати во клубот кој го претстави пред светската фудбалска јавност.

Францускиот играч за врска треба да биде огромно засилување за средниот ред на Старата дама. Тоа секако ќе биде случај доколку биде поштеден од повредите од кои имаше доста во дресот на Јунајтед.

Вистински шок и неверување преовладуваше на последниот тренинг на Јувентус. Погба наеднаш престана да тренира, се пожали на болки во коленото и побара лекарска помош.

Погба потоа го напушти теренот во друштво на клупски лекари. Првите информации говорат дека не се работи за сериозна повреда и Французинот ќе отсуствува само ден-два.

Дополнителни тестови нема да се вршат. Лекарите веруваат дека тоа не е неопходно и дека одморот најдобро ќе помогне во овој случај.

Неполн месец останува до почетокот на новата сезона во Италија, а Јуве првиот натпревар во првенството ќе го одигра на 15 август на стадионот „Алијанц“ во Торино против Сасуоло.