Други спортови
Синер: Почувствував дека Ѓоковиќ не е во најдобра состојба
Новак Ѓоковиќ беше поразен во полуфиналето на Австралија Опен. Српскиот тенисер пристигна на првиот сезонски Грен слем турнир со цел да ги зголеми рекордните бројки на победнички Грен слем турнири (има 24) и Австралија опен (има 10), но беше запрен пред финалето. Четвртиот носител, Италијанецот Јаник Синер, беше подобар со 6:1, 6:2, 6:7(6), 6:3. Синер на тој начин го победи Ѓоковиќ во три од последните четири натпревари.
„Ова беше тежок натпревар, почнав добро, но чувствував дека Ѓоковиќ не е во најдобра состојба. Се обидов да го поттикнам темпото во оваа одлична атмосфера. Се радував на овој натпревар. Секогаш е убаво да се игра со играч од кого можеш да научиш нешто. Среќен сам затоа што можам да ја споделам радоста со навивачите и мојот тим.
Новак е одличен на сервис, нема да ви кажам како го победив, со каква стратегија, само сакам да го натерам да се движи што повеќе. Се сеќавам дека тренирав со него во Монте Карло пред неколку години.
Ми даде совет да се движам повеќе и да бидам помалку предвидлив. Имам чувство дека можам уште многу да се подобрам. Првпат сум во финале, сакав да дојдам овде максимално подготвен. Среќен сум и ќе дадам се од себе“, изјави Синер по натпреварот.