Connect with us

Тајмаут

Сите полудиле по чудесниот дизајн – дресот на Нигерија со рекордно продавање

Дресот кој ќе го користи репрезентацијата на Нигерија, на Светското првенство во Русија, е убедливо најбаран.

Интересниот дизајн на дресот го креираше Најк кој привлече голем број љубители на фудбалот, а дури три милиони луѓе ширум светот веќе го нарачале овој дрес.

Тоа го потврдија и од Фудбалската федерација на Нигерија. Потпретседателот Шеху Дикко рече:

„Овој дрес е поради својата едноставност е најпродаван. Три милиони луѓе веќе го нарачале и тоа е апсолутен рекорд. Дресот ќе биде во продажба на 29 мај, а ќе чини 85 долари.“

Нигерискиот дрес е навистина интересен и не е изненадување што добро се продава.