Connect with us

Кошарка

Скандал во Париз: Шпанија нема каде да тренира

Олимписките игри во Париз се уште не се официјално отворени, а веќе сме сведоци на бројни скандали и проблеми со организацијата.

Тоа што им се случи на кошаркарите на Шпанија спаѓа во категоријата – верувале или не!

Имено, европските шампиони немаат каде да тренираат во Франција! Ла Роха нема пристап до главниот терен во Лил, ниту до други помошни објекти наменети за тренинг.

Шпанската кошаркарска федерација претходно ги информираше домаќините дека тимот ќе пристигне во Лил на 25 јули, но нивната порака беше погрешно протолкувана – за нив имаа резервирана соба во Лил од 23 до 25 јули …

Селекторот на Шпанија, Серхио Скариоло целата ситуација ја нарече „апсурдна“.

Една од опциите за тимот, кој е еден од фаворитите во Париз, е да тренира во Белгија, која е на еден час возење со автобус од Лил.

Првиот натпревар Шпанците ќе го одиграат в сабота од 11:00 часот против селекцијата на Австралија.

Advertisement