Connect with us

Ракомет

Скандал во Порто: Домаќините не резервирале хотел, па Охрид чекал 6 часа на улица!

Published

on

Ракометарите на Охрид преживеале вистинска голгота во португалскиот град Порто. Нивното патување кон Португалија за двомечот од второто квалификациско коло во Купот на ЕХФ, траеше повеќе од 24 часа.  „Гладијаторите“ својот пат до Порто го започнаа во средата на полноќ, откако се упатија со автобус од Охрид до Белград, каде имаа можност да одморат неколку часа, пред да се качат на летот за Цирих. По пристигнувањето во швајцарскиот град, уште малку одмор и имаа ново прекачување, за конечно да се упатат до Порто, каде пристигнаа синоќа околу 21 часот, пишува 24 ракомет.

Тоа се вкупно 21 час минати во патување, и кога охриѓани мислеа дека ги чека одмор, следуваше шок. Комплетната експедиција на Охрид, стручниот штаб и ракометарите, се упатиле кон хотелот каде требаше да бидат сместени, но таму им било кажано дека нема никаква резервација за нив и дека нема слободни соби.

Целосно статијата прочитајте ја тука.

Извор: 24 ракомет/Д.А

 

Facebook