Connect with us

Фудбал

Сколс: Бејл во Јунајтед? Се сомневам!

Легендата на Манчестер Јунајтед, Пол Сколс не верува дека крилото на Реал Мадрид, Герет Бејл ќе премине во редовите на „црвените ѓаволи“.

– Во пракса не си претставувам такво сценарио. Ако Бејл го напушти Реал, тоа ќе биде само поради една причина – ако самиот клуб сака да се ослободи од него. Дали ќе се упати кон Манчестер Јунајтед во таква ситуација, можам само да се надевам на тоа. Тој има неверојатен талент, постигнува неверојатни голови и ова можеше да се види во последниот натпревар. Но, ако треба да сум искрен, не мислам дека трансферот ќе се случи“, изјави поранешниот играч на Јунајтед.

По финалето на Лигата на шампионите, Велшанецот изрази сомневање за неговата иднина во Мадрид. Ова автоматски даде старт на гласините дека најпосакуваната насока за Гарет по „Сантијаго Бернабеу“ е „Олд Трафорд“.