Connect with us

Фудбал

Славниот Холанѓанец едноставно не го поднесува Мегваер: „Сра*е од играч, има подобри аматери“

Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер беше под жестоки критики во последните месеци.

Мегваер игра многу слабо, прави многу грешки, а негов најголем критичар е поранешниот холандски фудбалер Рафаел ван дер Варт.

Пред неколку години го нарече Мегваер обично сра*е.

„Мислам дека Мегваер и вели на својата сопруга секој ден кога ќе се врати дома: Се*ам по фудбалерите, но заработувам многу пари бидејќи тие навистина мислат дека сум добар во тоа“, рече Ван дер Варт за Мегваер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rafael van der Vaart (@rafaelvdvaart)

Тој не застана на овие зборови. Тој вчера имаше жесток напад врз англискиот фудбалер и на натпреварот помеѓу Манчестер Јунајтед и Виљареал.

„Многу зборувам за Мегваер и се обидувам да ја избегнам приказната за него, но човекот е сра*е. Секогаш морам да го кажам тоа“, изјави Ван дер Варт за Ziggo Sport и продолжи:

„Не можам да се помирам со фактот дека Јунајтед му плати 90 милиони евра. Па, во Холандија можете да најдете подобри играчи во аматерските лиги“, изјави Ван дер Варт.

Мегваер неодамна реши да ги замолчи критичарите откако постигна гол за репрезентацијата на Англија, но само дополнителен гнев предизвика меѓу фудбалските фанови на Островот.

 

Реклама

Facebook

Реклама