Connect with us

Фудбал

Следната недела доаѓа понуда: ПСЖ не се откажува, Јувентус нема ништо против продажба

Доколку судиме по медиумските написи, Мирелем Пјаниќ е голема желба на ПСЖ веќе некое време. Парижаните моментално ја разгледуваат опцијата за летниот преоден рок, а наводно Пјаниќ се уште е на мета на ПСЖ.

И претходно се пишуваше дека ПСЖ е заинтересиран за Пјаниќ, но сега наводно е подготвена и понуда за играчот од средниот ред на Јувентус.

Се спомнуваа цифри од околу 70. милиони евра, колку што наводно бил подготвен Рела Мадрид да даде за Пјаниќ.

Меѓутоа, сега „Calciomercato24“ пишува дека ПСЖ се уште е заинтересиран за Пјаниќ и дека ова лето е подготвен на „Старата дама“ да му понуди 85 милиони евра.

Наводно, новиот спортски директор на ПСЖ, Леонардо, кој до пред некое време беше спортски директор на Милан, веќе ја пуштил информацијата во „етер“ дека неговиот клуб е подготвен на Јувентус да му ја исплати споменатата цифра, а сега на „Паркот на принцовите“ ја чекаат реакцијата од Торино.

Се шпекулира дека официјалната понуда за Миралем Пјаниќ од 85 милиони евра на адреса на Јувентус ќе пристигне следната недела.

„Calciomercato24“ тврди дека Миралем Пјаниќ е еден од играчите на Јувентус кои се достапни за трансфер ова лето – поради две причини.

Пред се, трансферот на Пјаниќ би донел голем профит за Јувентус со оглед на тоа што пред неколку години на Рома го плати „само“ 32 милиони евра.

Покрај тоа, на Јувентус парите од Пјаниќ добро би му дошле за нови големи засилувања. Наводно „Старата дама“ ова лето би можела да го врати Пол Погба во своите редови.