Поврзи се

Фудбал

Со пенал во 93. минута Реал до полуфинале во Лигата на Шампионите

Пеколна беше атмосфера во Мадрид. Малкумина очекуваа дека Јувентус може да направи нешто посебно на Бернабеу.

Како што најави Алегри, Јувентус започна со агресивна и отворена тактика, а тоа резултираше со брз гол во 2. минута за водство на Јувентус кој го постигна Марио Манџукиќ со глава, а истото го направи и во 37. минута и го зголеми резултатот на 0:2.

Во 61. минута Матуиди се најде на во шеснаесетникот на Реал, и по лошата интервенција на Навас ја смести топката во голот, а со тоа ја зголеми предноста на „старата дама“ на 0:3.

Вистинската драма се случуваше на крајот од натпреварот кога во 93. минута во една спорна ситуација судијата досуди пенал за Реал Мадрид, а тоа не му се допадна ја Буфон кој приговараше кон судијата и заработи црвен картон на самиот крај на натпреварот.

На неговото место застана Счесни кој влезе на местот на Игуаин, но Кристијано Роналдо беше прецизен од белата точка и ги постави конечните 1:3 со кои Реал Мадрид обезбеди пласман во полуфиналето од Лигата на шампионите.

ФОТО

ВИДЕО

ПОВЕЌЕ ОД Фудбал

loading...
WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com