Connect with us

Фудбал

Солскјер: Подобро без напѓач, отколку со Лукаку

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, објави дека претпочита ситуација во која му недостасува еден напаѓач наместо да го држи незадоволниот Ромелу Лукаку на „Олд Трафорд“.

–Во случајот со Ромелу, неговите мисли едноставно не беа на вистинското место за да ни помогне. Не сакам да зборувам премногу за оваа тема. Ромелу е одличен играч и личност, но неговото време овде заврши, изјави менаџерот на Манчестер Јунајтед.

Белгискиот стрелец беше продаден на Интер лето за сума од 70 милиони евра. Сепак, ова остави голема дупка во нападот на „црвените ѓаволи“, кои за оваа позиција можат да се потпираат само на Маркус Рашфорд и Антони Марсијал. Норвежанецот сепак е категоричен дека ова било вистинската одлука.