Connect with us

Други спортови

Соседите во шок: На Србија и беше одземен медал во Париз

Српскиот параолимпиец Небојша Ѓуриќ во петокот го освои среброто на ПОИ во Париз, но веќе во саботата му беше одземен медалот!

Ѓуриќ беше втор во фрлање ѓуле на ФПП зад Бугаринот Ружди Ружди, но потоа беше објавено на веб-страницата на ПОИ во Париз дека тој е дисквалификуван.

Србинот уфрли 11,98 метри, што е негов најдобар резултат сезонава, но поради несоодветна опрема остана без сребрен медал. Тоа беше единственото објаснување што дојде преку официјални канали.

Тој беше дисквалификуван по жалбата на Иранците, кои приговараа на Ѓуриќ и на Полјакот Столтман. На крајот Србинот беше дисквалификуван, а најдобриот удар на Столтман беше само избришан, па тој успеа да ја задржи бронзата.

Тој епилог обезбеди сребро за иранскиот параолимпиец, додека српските медиуми останаа во шок поради нивниот необјаснив потег.