Connect with us

Фудбал

Спалети: Осимен се уште е неизвесен за натпреварот против Милан

Без Виктор Осимен, Наполи го совлада Лече со 2:1 во Серија А и продолжи да чекори кон титулата.

Сепак, проблем за тренерот Лучијано Спалети е фактот што Нигериецот се уште не се опоравил од повредата во пресрет на натпреварот против Милан во четврт-финалето на Лигата на шампионите.

За време на репрезентативната пауза, додека настапуваше за Нигерија, Осимен го повреди мускулот, по што најдобриот играч на Наполи пропушти два првенствени натпревари, против Милан и Лече.

„Осимен е фудбалер кој би играл на секој натпревар. Нема ништо лошо со него, но затоа лекарите, мојот стручен тим и јас мораме да бидеме многу внимателни со него. Да играше против Лече ќе ризикуваше да ја влоши повредата. Моравме да му дадеме уште малку време да се опорави. По повредата тренираше само лесно, но треба да видиме како ќе реагира во поголем напор“, изјави Спалети.

Првиот натпревар се игра во среда на 12 април во Милано. Осимен е најдобар стрелец во Серија А со 21 гол и најдобар играч на Наполи оваа сезона.