Connect with us

Фудбал

Според тоа кој ќе суди, финалето Германија – Шпанија ќе биде интересно


Српска судиска тројка на чело со Срѓан Јовановиќ ќе го води финалниот натпревар на Европското првенство за фудбалери до 21 година. Србите ја добија довербата од УЕФА да се најдат на финалето во Удине на некое ќе играат Германија и Шпанија.
Јовановиќ на ова првенство, досега делеше правда на два натпревари, и штом доби доверба да го суди и финалето, значи дека добро си ја вршел работата.
Во првото коло, на средбата Франција – Англија, тој им досуди два пенали на „триколорите“, а потоа им судеше на Белгија и домашната Италија. На овој дуел, Јовановиќ покажа дури 10 жолти картони. Помошници ќе му бидат Урош Стојковиќ и Милан Михајловиќ.
За Јовановиќ, финалето на У21 шампионатот на Европа е најголемо достигнување во кариерата, бидејќи досега воглавно судеше меѓународни мечеви во младите категории, но и квалификации за сениорското ЕП 2020, потоа квалификации од Лигата на шампионите, и некои мечеви од групите во Лига Европа.
.

Извор: Sportmanija.mk