Connect with us

Фудбал

Срамот против нисколигашите го донесе и главниот шеф во соблекувалната: „Не знам што се случи“

Њукасл Јунајтед вчера доживеа нова катастрофа.

Екипата на „Сент Џејмс Парк“ беше поразен во натпреварот од ФА Купот од Кембриџ Јунајтед со 1:0 и повторно ги разочара навивачите.

Сезоната за најбогатиот тим на светот не оди баш најдобро. Се води голема борба за опстанок во Премиер лигата, а сите се уште ги чекаат најавените големи засилувања.

Досега пристигна само Киеран Трипие, кој дебитираше вчера, но тој не помогна да се спречи нов срам.

По вчерашниот пораз, играчите имаа гостување од газдите во соблекувалната. Придружуван од обезбедувањето, Јасир Ал-Румајјан, чиј фонд поседува 80 отсто од акциите на клубот, влезе во соблекувалната, придружуван од Аманда Ставли, која се грижи за клубот.

“Тие скокнаа во соблекувалната да ги видат играчите, а потоа разговараа со мене и стручниот штаб. Не знам што се случи во разговорот со играчите, но верувам дека ги поддржаа. Заедно сме во борбата за опстанок во лигата и застана зад сите. Не можам доволно да им се заблагодарам за нивната поддршка“, рече менаџерот на „Страчки“, Еди Хау, додавајќи:

„Мислам дека е корисно за играчите да слушнат зборови на охрабрување бидејќи ни претстои прилично тешка борба за да останеме во Премиер лигата.“

Њукасл моментално се наоѓа на 19. место во Премиер лигата со само 11 освоени бодови од 19 одиграни натпревари.

Реклама

Facebook

Реклама