Connect with us

Тајмаут

Србија бесна: “Шаќири веќе провоцира”

На Светското првенство во Русија, Србија ќе игра во групата со Бразил, Костарика и Швајцарија.

Шаќири ќе биде еден од клучните играчи на швајцарската репрезентација на Мундијалот, но очигледно е подготвен да ја загрее атмосферата пред натпреварот со Србија.

Тој на „Instagram“ објави фотографија од копачките кои ги подготви за СП, на едната копачка го има знамето на Швајцарија, а на другата знамето на Косово, што ги налути Србите.

Шаќири потекнува од Косово, што не е признаено од Србија, и затоа овој потег на фудбалерот на Стоук се покажа како провокација.

View this post on Instagram

?????❤️

A post shared by XS (@shaqirixherdan) on