Connect with us

Кошарка

Србите во солзи по финалето, Германците ги тешеа

Германија е светски првак во кошарка за прв пат во својата историја . Германците во финалето на Светското првенство во Манила ја совладаа репрезентацијата на Србија со 83:77 и ја освоија историската титула светски првак. Досега највисокиот резултат на Германија на светските првенства беше бронзата во 2002 година, кога тимот беше предводен од легендарниот Дирк Новицки. Во борбата за бронза, Канада ги победи САД со 127:118.

Крајот на натпреварот беше особено емотивен за двете екипи. Додека германските кошаркари и селекторот славеа, српските кошаркари не можеа да ги задржат солзите. Некои дури ги тешеа српските кошаркари. Ова беше емотивно првенство за Србите, кои не беа во кус круг на фаворити и кои останаа без соиграчот Бориша Симаниќ, кој мораше да го извади бубрегот.