Connect with us

Фудбал

Стигнува ново засилување во Интер од Јувентус

Челниците на Интер ова лето најавија звучни засилувања, а на почетокот на преодниот рок го одржаа своето ветување.

Интер минатата недела успеа да го доведе Раџа Наинголан кој дојде од Рома, а од редовите на Лацио пристигна Стефан Де Вриј. Сепак, на „Маеца“ не застанаа тука бидејќи ветија уште едно засилување.

Имено, кариерата во дресот на Интер ќе ја продолжи Квадво Асамоа кој со Интер потпиша тригодишен договор. Асамоа доаѓа од Јувентус за кој играше шест сезони и освои 13 трофеи.