Connect with us

Ракомет

Стоилов: То е! Ланската победа сега ни се врати со пораз

Капитенот на РК Вардар со тешко срце зборуваше по завршувањето на натпреварот.

„Тешко, многу тешко, Монпејле играше доста агресивно. Имавме одлични шанси но, ете среќата е кај нив. Ние минатата година победивме вака, сега ни се врати тоа. И двете екипи кои сега се во финале навистина заслужија. Сите претходно кога не прашуваа како до финале, јас им велев дека сите имаат шанси, и еве аутсајдерите се во финалето“, изјави Стојанче Стоилов.