Connect with us

Фудбал

Суарез: Ремито со Јапонија остави горчлив вкус

Уругвајскиот фудбалер Луис Суарез се пожали на големиот број грешки во натпреварот од групната фаза на Купот на Америка со Јапонија (2:2). Според него, на следните средби треба да се поработи на концентрацијата.

– Ние мораме да ги поправиме грешките и да ги потенцираме позитивните моменти од нашата игра. Создадовме повеќе добри шанси. Затоа, нерешеното остава горчлив вкус. Во принцип, имавме добар натпревар, но направивме две големи грешки и примивме два гола. На такви турнири треба да бидете внимателни. Знаевме дека поразот на Јапонија против Чиле не ја одразува силата на јапонскиот тим. Се работи за брза и техничка потхована селекција. Јапонците вршеа притисок врз нас и нè спречија да ја играме нашата игра, истакна Суарез.

Во пресрет на другата средба од втората рунда во Ц-групата, Уругвај е лидер со 4 бода, Чиле има 3 и натпревар помалку, Јапонија е трета со 1 бод, Еквадор е без бодови и натпревар помалку.

Реклама
Реклама

ГАЛЕРИЈА

Реклама
Реклама

Повеќе од Фудбал

WP2FB Auto Publish Powered By : XYZScripts.com