Connect with us

Кошарка

Тага до небо, во јануари почина кошаркарската легенда на Србија, а сега почина неговиот татко!

Тажна вест од светот на кошарката и нова голема трагедија во семејството Милојевиќ. Нешто повеќе од еден месец по смртта на Дејан Милојевиќ, почина и таткото на српскиот кошаркар и тренер – Милан Милојевиќ. Денеска почина таткото на легендарниот кошаркар и тренер, а причината за смртта се уште не е позната, пишува Спортал. Дејан Милојевиќ почина на 17-ти јануари во САД кога со тимот гостуваше во Јута, а беше погребан на 12-ти февруари во Белград. Српскиот стручњак во текот на кариерата го освои европското злато во 2001 година во Турција, беше член на вториот тим на Евролигата во 2004 година, трикратен шампион во АБА лигата, во две сезони најдобар стрелец на Јадранот… Како тренер работеше во Мага, Будуќност и Голден Стејт каде му беше помошник на Стив Кер.