Connect with us

Фудбал

Талентиран играч за врска пристигнува во Челзи. Бразилската легенда: Ќе биде далеку подобар од мене

Челзи го донесе 18-годишниот играч за врска Андреј Сантос. Бразилецот пристигнува од Васко де Гама за 12,5 милиони евра. Сè уште го чекаме официјалното соопштение. Според информациите на познатиот италијански трансфер експерт Фабрицио Романо, младиот играч за врска веќе пристигнал во Лондон.

Сантос е полнолетен, што значи дека како засилување, на Бразилецот му дозволуваат веднаш да игра за Челзи. За почеток, тој ќе биде приклучен на тренинзите на Греам Потер, кој ќе донесе одлука дали ќе го задржи во составот или ќе го испрати на позајмица, каде што би добил позначајна минутажа во сениорите.

Легендарниот играч за врска Жунињо Пернамбукано, кој исто така се наметна во Васко де Гама каде ја заврши кариерата, има многу високо мислење за него, а до неодамна ја извршуваше функцијата спортски директор во Лион:

„Никогаш не сум видел играч кој е толку фит на 18 години. Тој е физички ѕвер, технички е на високо ниво. Нема да биде подобар од мене, ќе биде далеку подобар од мене“.

Сантос игра на позицијата среден играч и го носеше број шест, а во Челзи би можел да заигра на местото на Матео Ковачиќ, Жоргињо или Н’Голо Канте, чиј договор истекува на лето. За неговиот потпис се бореше и Барселона, која го гледаше како наследник на Серхио Бускетс, но Челзи победи во трката. Лондонскиот клуб го доведе за значително поевтина цена, доколку се земе предвид ослободителната клаузула во договорот.

Младиот играч за врска важи за еден од најперспективните фудбалери на Бразил и има излезна клаузула од 40 милиони евра. Според Transfermarkt, неговиот актуелен договор со Васко де Гама е до 2027 година. Истиот извор неговата вредност ја проценува на 10 милиони евра. Сантос оваа сезона одигра 33 натпревари во втората бразилска лига и постигна осум гола.