Поврзи се со нас

Фудбал

Тијаго се збогува со Баерн: Најтешката одлука во животот

Шпанскиот фудбалер Тијаго Алкантара со емотивна порака се збогува со Баерн Минхен.

Тијаго играше за германскиот клуб од 2013 година и со него ја освои Лигата на шампионите, седум титули во Бундеслигата, четири германски купа.

“Да, ова беше најтешката одлука што ја донесов во мојата кариера. Одлучив да го завршам поглавјето во овој прекрасен клуб. Клубот во кој пораснав и се развив како играч во последните седум години.

Имаше победи, успеси, моменти на среќа и некои тешки периоди. Но, она на што најмногу сум горд е што како млад човек со големи соништа, дојдов во Минхен и заминувам целосно исполнет. 

Оваа одлука ја донесов од чисто спортски причини. Како фудбалер, сакав и ми требаа предизвици за да продолжам да се развивам.

Секогаш ќе бидам благодарен на Баерн “, изјави Тијаго.

Се претпоставува дека тој до крајот на денот ќе биде официјално претставен како нов фудбалер на Ливерпул.

Искусниот играч (29) ќе потпише четиригодишен договор со шампионот на Англија, кој за него издвои 30 милиони евра.

Advertisement

Facebook

Реклама