Connect with us

Фудбал

Тој ги шокираше сите со изборот на нов клуб, а сега ја знаеме причината поради која доаѓа во Италија

Францускиот фудбалер Самуел Умтити (28) конечно ја напушта Барселона и на општо изненадување кариерата ќе ја продолжи во италијански Лече.

Иако поради неговиот квалитет имаше можност да оди во подобри клубови, 28-годишниот дефанзивец реши да замине во Италија поради многу интересна причина.

Според познатиот новинар Џанлука Ди Марцио, Умтити веќе има сериозни планови за иднината, а во Италија дошол поради работата што планира да ја заврши.

Свесен е дека неговата кариера нема да трае уште многу. Во претходните години често го мачеа повредите и јасно е дека нема да може многу да пружи во иднина.

Неговиот план е да работи како тренер на крајот од кариерата. Тој сака да учи за италијанскиот фудбал и тактиката со одење во Лече и затоа го избра овој клуб за нова средина.

Французинот сигурно ќе биде големо засилување за Лече. Сигурно е дека може уште многу, бидејќи на крајот на краиштата, ова е човек кој зад себе има богато фудбалско искуство.

Треба да се напомене дека Умтити ќе игра во Лече како позајмен играч од Барселона и дека каталонскиот клуб ќе му ја исплати целата плата.

Самуел Умтити пристигна во Барселона во 2016 година од Лион за 25 милиони евра. На Камп Ноу имаше две многу добри сезони, но потоа почнаа проблемите со повредите.

Тој одигра вкупно 133 натпревари во текот на неговите шест години во Барселона, а повеќе од 60 проценти од нив беа само во првите две сезони.

Со каталонскиот гигант освои две шампионски титули на Шпанија, два Суперкупа и три трофеи во Купот на Кралот, но секако најголемиот успех во кариерата му е титулата на Светското првенство со Франција во 2018 година.